Благоја Грујовски за првото издание на „Фолк вечер на популарноста“: Ова е само еден чекор, за подобар статус на браншата

Македонските фолк уметници синоќа се собраа во хотел „Амор“ во Кочани, на првото издание манифестацијата „Фолк вечер на популарноста“, да ја прослават музиката и да добијат признанија за своите достигнувања, успеси и заслуги за македонската музика – тоа што досега недостасуваше.

Наградите им ги врачија еминентни личности од браншата, автори,продуценти и музички уредници, како и претставници на медиумите.

Благоја Грујовски, уредник на програмата и водител на настанот, вели дека главниот мотив на манифестацијата е да се даде еден импулс и публицитет на фолк естрадата. 

- Тоа се уметниците кои го обиколуваат светот и со песна ги сплотуваат луѓето во дијаспората. Со години и децении. Тоа главно поминува незабележано. Популар-

ната македонска песна е надвор од фокусот на вниманието на медиумите, спонзорите и големите сцени. И тоа трае долго. Ова е само еден чекор кон подобар статус на браншата. – вели Грујовски.

На манифестацијата „Фолк вечер на популарноста“ стауетки за животни достигнувања добија Сузана Спасовска и Наум Петрески.

Со награди се закитија и младите ѕвезди Стојне Николова и Дамјан Стојаноски.

Списокот на наградени го сочинуваат и Ленче и Горан Кукиќ, Сашо Нојкиќ – Цаки,

Елена Андоновска, групата „Круна“ и„Енерџи бенд“, како и актуелните и мега популарни Влатко Миладиноски, Спасен Силјаноски, Анета Мицевска, Јордан Митев и Сузана Гавазова.

Почесно постхумно признание доби великанот на народната музика Милан Завков за огромниот придонес.

Покрај Благоја Грујовски во улога на водител на сцената се појави и Ирена Спировска.

Организатор на настанот е ИМД продукцијата од Кочани. 

(С.А.Н)

Фото: Вангел Тануровски