Блејзер и шорцеви - омилената модна комбинција на Ана Ивановиќ во 8 различни изданија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ана Ивановиќ ја сака модата и редовно споделува фотографии од своите шик комбинации на Инстаграм. Обожава трендови, но истовремено е посветена на класичните парчиња, а најчесто ја гледаме во изданија кои се и елегантни и ноншалантни во исто време.

Познатата бринета неодамна сподели видео на кое се гледа комбинацијата која најчесто ја избира за време на летните вечери кога приликата повикува на дотерување.

„Блејзер и шорцеви - дефинитивно една од моите омилени комбинации за летно вечерно издание“, напиша накратко Ана Ивановиќ.

View this post on Instagram

A post shared by (@anaivanovic)


Ана во видеото покажа дури осум различни комбинации кои ги направила со помош на шорцеви, блејзери, блузи и сандали, а секоја е многу шик и паѓа во очи. Шорцевите и блејзерот се исто толку ефикасен и елегантен моден избор како и женскиот костум, но помалку формален, помладешки и забавен.

Ова е комбинација која дава простор за играње и надополнување со различни аксесоари - чевли, чанта, накит... Познатата тенисерка повеќе сака да носи кратки панталони и блејзер со сандали со прерамки и висока потпетица, но на една од фотографиите покажа дека и патиките можат да изгледаат одлично во оваа модна приказна.

Па, доколку ви треба инспирација за летен, вечерен аутфит во наредните денови, потсетете се на предлогот на Ана!

Извор: zena.blic.rs