Си беше една девојка која веруваше во чуда: Андреа Оџаклиевска заблеска во два фустани на свадбата
Си беше една девојка која веруваше во чуда, која знаеше дека ќе оствари се што замислила, која има најпрекрасни луѓе во своја близина, која цврсто верува дека љубовта движи се, која бескрајно му е благодарна на животот.
Ова е дел од пораката која Андреа Оџаклиевска ја објави на Инстаграм, постирајќи неколку фотографии од свадбената веселба која се случи во саботата.
Таа заблеска во прекрасна бела венчаница, а потоа се пресоблече во едноставен цветен фустан со прерамки, што може да кажеме дека е одличен избор имајќи предвид дека е трудница.
Помладата ќерка на пејачката Маја Оџаклиевска им се заблагодари на пријателите и семејството за незаборавните моменти кои и ги приредиле.
Андреа се омажи за Милош Живковиќ, кој е брат на познатата манекенка Дејана Живковиќ.
Фото: Инстаграм/Андреа Оџаклиевска