Близнаците пораснаа, Џорџ старее, Амал не престанува да воодушевува: Вака семејството Клуни го поминува одморот во Италија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото;profimedia

Амал Клуни е една од оние жени чиј стил нема замерки.

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал повторно воодушеви со нејзината модна појава облечена во винтиџ црвен-бел мини фустан на Валентино додека се качуваше на брод со своите близнаци.

Таа се заштити од сонцето со огромна сламена капа и темни очила за сонце, а носеше и пар кремасти еспадрили со врвки.

Еспадрилите во комбинација со облека од летни ткаенини совршено се совпаѓаат, а тоа го докажаа и дамите од кралските дворови (британската миленичка Кејт Мидлтон и шпанската кралица Летиција). 

Џорџ и Амал се на одмор во Италија и поголемиот дел од времето го поминуваат на езерото Комо.

Џорџ Клуни е во шестата деценија, а со Амал се родители на преслатки близначиња.

извор:stil.kurir

фото;profimedia