Бог не сакаше да имам деца: Доли Партон отворено за слободата што ја има затоа што не стана мајка

Доли Партон деновиве е актуелна со тоа што донирала милиони долари како поддршка за истражување на вакцина против ковид-19.

Но, една од најголемите американски sвезди за прв пат проговори на тема што одамна ги интригира нејзините обожаватели.

Пејачката Доли Партон (74) е во брак со Карл Дин шест децении, од 1966 година, а двајцата не се реализираа како родители. Порано оваа кантри sвезда не зборуваше многу за минатото.

Како што сега објасни во интервју со Опра Винфри, таа морала да се жртвува во кариерата.

- Се жртвував, но верувам дека знаев што правам. Мора да се жртвуваш - мисли таа и додава: - Бидејќи немав деца, а сопругот беше доста независен, имав слобода. Мислам дека фактот што имав слобода да работам игра голема улога во мојот успех.

Доли верува дека не ѝ било судено да стане мајка.

- Немав деца затоа што, верувам, Господ не сакаше да имам деца - вели Партон.

Таа додаде дека нејзиниот сопруг не сака да биде во центарот на вниманието, па во изминатите децении честопати ја прашувале дали тој воопшто постои.

извор:glossy.espreso.rs
фотографии: profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Која е ќерката на Џил и Џо Бајден: Трагично го изгуби својот брат, а нејзиното минато крие мрачна тајна