Богатата фолкерка откри како настанал големиот хит „Еј Бранка, Бранка“: Тврди дека текстот не го напишал Тома Здравковиќ

Откриени досега непознати факти

Популарната пејачка Бранка Соврлиќ, која важи за една од најбогатите на естрадата, го гледала филмот „Тома“ како и нејзините бројни колешки, а една работа во филмот не ѝ се допаднала.

Пејачката смета дека менаџерите во филмот не се претставени на вистински начин, туку како „шарлатани“, и се жали дека не бил спомнат нејзиниот сопруг Паја, кој тогаш бил главен.

- Мојот сопруг беше генерален директор и не беше таков. Тој е универзитетски образован човек. Тој прв му организираше концерти, благодарение на песната „Еј, Бранка, Бранка“ - изјави пејачката.

Бранка откри и како настанал големиот хит на Томо Здравковиќ „Еј, Бранка, Бранка“.

-Таа песна не ја напиша Тома, туку Миша Марковиќ, случајно. Тогаш бев почетник, млада, штотуку ја објавив мојата прва плоча. За Ниш отидов со автобус, а тој како добар колега ме возеше до станица - изјавила пејачката, нагласувајќи дека се се случило спонтано.

-Го прашав како прави песни, како тоа оди, а тој ме гледа додека возеше и ми рече: „ Ej, Branka, Branka, ko je kriv zbog našeg rastanka“, па така настана песната. Тоа беше судбина. Тома поради таа песна имаше сто концерти - изјави Бранка за Гранд онлајн.


Да потсетиме, Бранка е една од најбогатите жени на естрадата, а величествената вила во која живее е под заштита на државата.


Фото: Youtube/screenshoot