Богдана ќе се породува во апартманот на Цеца: Пејачката платила сѐ

Фамилијата Ражнатовиќ со нетрпение го очекува малиот наследник. Идната баба, пејачка Цеца,според медиумите, се потруди внукот да дојде на свет како вистински принц.

Според српски „Курир“, Богдана ќе се породи во апартманот на Цеца! Внукот на познатата фолк ѕвезда ќе се роди во одделението за породување  „Народен фронт“.

Очигледно, идната мајка ќе престојува во просторија чие реновирање го финансира нејзината свекрва. И како што пишува „Курир“, на исто место се родени Анастасија и Вељко(зачнат со помош на ин витро).

Богдана многу добро ја издржува бременоста, а сопругот Вељко е постојано со неа, и многу често на својот профил на Инстаграм објавува фотографии од својата бремена сопруга.