Бојадисување велигденски јајца со ориз: Никогаш побрза, полесна и поубава техника (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Овој метод дава нереално убави шари.

Најдовме одлична идеја за фарбање велигденски јајца. Покрај тоа што добивате интересни шари, овој метод е многу едноставен и брз за изведување.

Ви треба:

Ориз

Течна боја за јајца

Неколку пластични чаши

Чинија

Постапка:

Поделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете неколку капки боја и измешајте. Потоа ставете го јајцето во чашата со саканата боја, покријте го со друга чаша или чинија и протресете.

Можете да ги обоите во една боја или да измешате 2 или 3, за поинтересен дезен.

Совет:
Пред да ги фарбате вака, избелете ги јајцата за полесно да се „фати“ бојата.

Како детално изгледа целата процедура, погледнете во видеото:


Фарбање јајца со салфетки: Само на овој начин ќе ги добиете најубавите мермерни шари (ВИДЕО)