Топ 3 совети за велигденски јајца: Како да не ви распука лушпата, како да ги избелите јајцата и како да знаете дали се свежи?

Добивај вести на Viber

Велигден е пред прагот, а ние ве советуваме и ви нудиме решенија за трите „најголеми грижи“ за овој празник, на секоја домаќинка.

Дали има поголема мака од тоа кога ќе се скршат јајцата за бојадисување за Велигден, па домаќинката не знае што да прави со нив?!

Еве го решението за проблемот број 1:

Како прво, важно е водата да не зоврие премногу и јајцата да имаат доволно простор за движење во тенџерето. На тој начин нема да се судрат и да се оштетат. Некои дури полека ја мешаат водата додека не зоврие, а потоа се оставаат јајцата да се готват неколку минути, па потоа исклучете го огнот и оставете ги во таа вода уште половина час.

Настрана температурата на водата и јајцата, веројатно сте чуле за советот дека една лажица оцет ќе спречи напукнување на лушпата, а друг совет е дека истата моќ ја има и солта. Нема да боли дури и ако ги ставите и двете и сол и оцет. 

Како да ги избелите јајцата?

Процесот на белење е всушност многу едноставен. Сè што ви треба е алкохолен оцет и вода во сооднос еден на еден. Значи, една чаша вода и една чаша оцет за три јајца. Ако готвите повеќе, зголемете ја количината.

Истурете ги јајцата во оцет и вода за да бидат целосно потопени и ставете ги на силен оган. Како што се загрева течноста, таа ќе почне да се пени. Кога водата врие, намалете ја топлината и отстранете ја целата пена со лажица. Варете ги јајцата десет минути, исцедете ги и исплакнете со ладна вода.

После тоа, избришете ги со сунѓер или крпа за да ги отстраните дамките, но бидете внимателни бидејќи лушпата е потенка поради готвењето во оцет. И, готово!

Како да препознаете дали јајцата се свежи?

Ако се сомневате во квалитетот на купените јајца, ставете ги во вода и гледајте дали ќе потонат затоа што расипаното јајце останува да лебди.

Можете да го земете јајцето во вашата рака и да го држите до увото. Лесно протресете го и слушајте го звукот што доаѓа одвнатре. Ако не слушнете звуци, јајцето треба да биде свежо и добро за консумирање. Ако јасно можете да го слушнете шушкањето од јајцето, тоа е најверојатно старо и не треба да го подготвувате за јадење.

Ако ставите јајце во сад со вода и веднаш - како камен - потоне до дното, тоа значи дека е целосно свежо.

Кога ги лупите јајцата, ако жолчката остане цела и ако е цврста, тоа значи дека јајцето е свежо, а ако се распадне, тоа не е добар знак, но не значи дека е расипано.

извор:stil.kurir.rs

Поврзани вести:

За Велигден вашата куќа треба да биде полна со свежо цвеќе: Еве зошто (ФОТО)


Со само една намирница ќе добиете раскошно зелена боја за велигденските јајца: Резултатот ќе ве воодушеви


Евтино и оригинално: Ви донесуваме уникатни идеи за волшебно Велигденско декорирање на вашиот дом (ФОТО)


Како да добиете силна жолта боја за велигденските јајца: Ќе успеете со оваа природна состојка


До црвена боја без хемија: Природни состојки кои ги имате во кујна, ќе направат чудо за велигденските јајца