Боки 13 вратен во затвор со претканцерогена состојба: Се бара лекување поради опасност за неговиот живот

Добивај вести на Viber

Повторно се огласија од правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, од каде потенцираат дека тој од болничко лекување е вратен во затворот „Идризово“ во пред канцерогена состојба. 

- Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа - се наведува во соопштението испратено до редакцијата.

Од правниот тим посочуваат дека предканцерогената состојба на Јовановски имаат хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

Повеќе детали на Фактор.мк