Болести кои се закана за жените во 30-тите: Опасни по живот
Дали сте забележале дека околу 30-тата година од животот започнуваат одредени здравствени проблеми?
Како што старееме, потешко ни е да се „свестиме“ од непроспиена ноќ и не можеме да функционираме ако сме спиеле само шест часа, дури и ни со помош на кафе или енергетски пијалоци.
За жените кои влегуваат во своите триесетти години, постојат бројни знаци на кои треба да обрнат внимание, а може да укажат на скриени здравствени проблеми.
Д-р Ким Глас ги потенцираше главните здравствени проблеми на кои жените во своите триесетти години мора да внимаваат.
Ракот на дојка, ракот на грлото на матката и стресот се главните заболувања кај младите жени.
Сепак, недоволен број жени одат на редовни гинеколошки прегледи, што во голема мера влијае на откривање на овие болести.
Ракот на грлото на матката останува убиец број еден кај жените под 35 години. Секоја жена мора да прави редовно испитување од страна на гинеколог најмалку еднаш годишно, што вклучува ПАП тест, колпоскопски преглед, но и преглед на дојка.
Лекарите постојано повторуваат дека превентивните прегледи навистина можат да ни го спасат животот!
Од друга страна, ракот на дојка е еден од водечките карциноми кај жените. Многу е важно секоја жена да си ги проверува градите и да знае точно какво ткиво е нормално за неа, така што, доколку се појави абнормалност, таа веднаш ќе утврди дека нешто не е како што треба.
И додека се чини дека стресот е нормален дел од нашите животи, тој може да има сериозни здравствени последици.
Подигањето на хормонот на стрес кортизол може да доведе до дигестивни проблеми, но и до ризик од кардиоваскуларни заболувања.
Организам кој постојано е под стрес има ослабен имунитет, па затоа лесно е подложен на болести.
За да се отстранат овие ризици, советот на лекарите е да вежбате и да бидете постојано во движење, така што крвта и вените ќе струи низ вашето тело и мускулите ќе се истагнуваат.
- Најдете го начинот на вежбање што најмногу ви се допаѓа и бидете сигурни дека ќе се загреете и истегнете после вежбање - советуват лекарите и уште еднаш го потврдуваат фактот - Нема лек што може да ја замени физичката активност, а може таа да биде замена за многу лекови.