Борба на модниот врв: Шпанската и холандската кралица отмени и грациозни и на комемеморација
Вчера во
Лондон, на комеморацијата на принцот Филип, покојниот сопруг на кралицата
Елизабета Втора, се собра целиот крем на Европа и претставници на
благородништвото и кралските семејства, па ова беше една од ретките можности да
се видат неколку европски кралици и принцези на истото место.
Посебно внимание предизвика изгледот на шпанската кралица Летиција и холандската кралица Максима, две дами кои важат за едни од најдобро облечените во светот, кои ретко грешат и секогаш се беспрекорно дотерани.
Летиција изгледаше одлично во елегантно, едноставно издание - темно зелен капут со миди должина и фустан во А линија со плишана лента околу струкот.
Кралицата на Шпанија го заокружи изданието со интересен фасцинатор во иста боја со дискретна мрежа, и црни лакирани салонки и брендирана кожна чанта.
Кралицата Максима избра исто така свечено, намалено издание со кое е тешко да се згреши. Славната Холанѓанка се одлучи за сив фустан кој го украси со црн ремен околу половината, и црн, квалитетен капут со наметка ракави.
Максима го комплетираше својот аутфит со црн фасцинатор, лакирани салонки, кожени црни ракавици и комплет обетки, ѓердани и алки од сиви бисери.
Фото: Профимедиа
Кејт Мидлтон е олицетворение на елеганција: Заедно со принц Вилијам и децата на помен за принц Филип