Борбата трае 10 години: Гоца Тржан детално го опиша вонтелесното оплодување, ѝ велеле да молчи, а откри и колку пари дале досега
Таа заедно со својот сопруг веќе 10 години поминува низ макотрпен процес и сега одлучи за целата процедува да проговори и да им помогне на сите со своето искуство.
Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг и тапанар Раша Новаковиќ десет години водат борба за потомство, а сега таа отворено зборуваше на таа тема.
„Многу двојки не сакаат да им откријат ниту на своите семејство дека одат на вонтелесно оплодување, бидејќи кај нас на Балканот постои еден примитивен став дека луѓето кои не може природно да зачнат, без разлика дали тоа се мажи или жени, се помалку вредни како човечки битија“ - кажа Гоца за К1 телевизија.
Пејачката за да им помогне на многу жени го сподели своето искуство со многуте клиники.
„Во чекалните покрај мене секогаш беа срушени луѓе. Лекарите се тука да помогнат, но не се Богови. Многу е важно на тој процес да му пристапите позитивно, па дури и ако не успее не нзачи дека мојот сопруг и јас сме помалку вредни како човечки битија, јас со тоа одмана се помирив. Борбата за потомство на мене и Рашо трае откако сме заедно, веќе 10 години“ - кажа Гоца.
Пејачката откри дека станува збор за огромна сума на пари кога е вонтелесното оплодување во прашање.
„Едно вонтелесно оплодување чини од 3.000 до 5.000 евра, а лековите кои ги примате по 12 дена се околу 2.000 евра. Тестовите се од 160 евра па нагоре. Морате сериозно да се штедат пари, а некои двојки мораат да подигнат и кредит“.
Гоца во оваа прилика откри и дека добивала негативни коментари од некои луѓе.
„Ме прашуваа на колку години сум се одлучила да останам бремена и ми кажаа дека треба да молчам, да бидам скромна и дека Бог ќе ми даде дете дококлу е така судено. Е, токму таквиот пристап кон жените и мажите на овие простори доведува до тоа многу двојки да молчат за тоа“ - заклучи Тржан во емисијата „Викенд на К1“.