Боже си дојдов дома, во земјата на мојот татко-Кристијан, синот на Аки Рахимовски по 35 години повторно е во Скопје

Добивај вести на Viber

Кристијан Рахимовски (40), вчера пристигна во Скопје, во градoт  каде што живееше неговиот татко, легендарниот пејач Аки Рахимовски, кој почина пред девет дена. 

Денеска со министерката за култура ќе патува за Крушево, да го посети вечното почивалиште на Тоше Проески.

Во краткиот разговор ни откри дека кога се симнал од авион го обзеле безброј емоции. 

- Само што зачекорив на македонското тло почнав да плачам. Му реков на мојот менаџер „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“. Последен пат бев во Скопје пред 35 години. Дојдов приватно, да ја посетам баба ми и роднините – вели тој.

Кристијан е музичар, а по веста за смртта на својот татко се огласи со порака која растажи многумина. 

„Татко мој, си замина прерано. Многу прерано. Луѓето велат дека Господ така сакал.Ние бевме повеќе песна отколку збор, не знаеше друг начин, не можеше надвор од таа сцена во твојата глава, па ти приоѓав само со песна. Можевме многу уште заедно, тато мој. Боли неописливо. Утеха ми е дека ќе имам барем дел од тебе во моите песни, како и во оние што ми ги остави. Но, тоа сега не ми е доволно… Луѓето знаеја сѐ за нас, а ништо не знаеја. Знаевме јас и ти… Недостасуваш тато, на сите ни недостасуваш. Татко мој сега одмори, па Рокај горе со екипата“- напиша тој.

Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.

(С.А.Н)