Брајан Адамс доаѓа во Скопје

Добивај вести на Viber

Канадскиот музичар, продуцент и активист Брајан Адамс доаѓа во Скопје, информира „Авалон продукција“. Во рамките на неговата голема светска турнеја Shine a light насловена по истоимениот нов албум, Адамс на 13-ти ноември ќе настапи во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

- Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови, а истовремено и големи песни– стои во официјалното соопштение на „Авалон“.

Во Скопје за прв пат во живо фановите ќе ги слушнат хитовите Run to you, Summer of ‘69, Heaven, Please forgive me, Everything I do (I Do For You), Have You Ever Really Loved a Woman..

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер, во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од 10-ти јуни.