Еротски приказни: БРАК
Се погледнав в огледало. Денеска правам свадба. Задоволна бев од мојот изглед, а со шминката блескав посилно. Фризерката ми ја украси косата со сребрена панделка што ми го осветлуваше лицето. Везениот сатенски фустан уште повеќе ми ја оцртуваше фигурата. Секогаш обрнував внимание на моето тело и немаше потреба од дополнителни тренинзи или диети.
Милан влезе в соба и беше воодушевен од мојот изглед. А и тој изгледаше прекрасно. Во сивиот костум со иста таква кошула делуваше многу предизвикувачки и заводливо. Просто човек да не може да му одолее.
Мене мажачката не ми беше в план, всушност никогаш немав визија за да бидам домаќинка. Животот е многу интересен. Не стануваш она што сакаш, туку како ти е определен животниот пат. Имав визија да живеам некаде далеку в куќа некаде на океан, во некое изолирано место со многу зеленило и да поседувам сопствен хотел. Верував дека еден ден ќе ми се исполни мојот сон.
Но, се случи наеднаш да се мажам. Мојата фамилија беше богата и никогаш немав проблем со пари. Татко ми беше трговски патник, а мајка ми потекнуваше од имотно семејство. Мајка ми беше единица, немаше ни брат ни сестра и кај нас имаше сѐ во изобилие бидејќи моите предците и дедо ми се занимаваа со трговија.
Имав помала сестра, Ангела, која многу ме сакаше. Беше дрдорка и многу ја галев. Бев многу интелигентна и ме интересираше готвењето. Потребно ми беше искуство и затоа барав работа в хотел и се запишав вонредно за да учам јазици.
Се вработив во еден реномиран хотел и таму го запознав Милан. Тој работеше како менаџер, беше скромен или барем мене така ми делуваше, меѓутоа беше успешен. Милан беше селско дете, но учел во градот и научил да се однесува со стил. Кога го запознав, делуваше отмено, а јас го запознав со татко ми и тој почна да контактира со него. Еден ден. Милан ми кажа дека со татко ми разговарале и се договориле да се земеме.
Неговите не ги споменуваше многу и на мое инсистирање отидовме во селото од каде што потекнува. Бев воодушевена од таа волшебна природа. Околу селото имаше зеленило и прекрасна низина. Глетката беше преубава, просто човек да ужива. Ги сакам таквите планински предели со зелени пасишта преполни со добиток, со плодни ниви и лозја. Многу малку седевме затоа што неговото семејство не ми остави впечаток. Тие беа примитивни луѓе со тешки навики и размислувања, едноставно се покајав што ги запознав.
Јас од родителите на мајка ми наследив куќа, а татко ми вети дека ќе ми купи кола. Само го сакав Милан и верував дека тој ме сака. И затоа стапивме во брак. Бев млада, неискусна и верував во сѐ што ми кажуваше тој. Милан беше човек кој по секоја цена сакаше да стане угледен и богат. Затоа и го споменав неговото потекло – тој освен пари ништо друго не го интересираше.
Од почеток на бракот тој имаше некои работни средби, впрочем секогаш трчаше некаде. Се слушаше во хотелот како е голем заводник и ги заведува сите жени. Не сакав да мислам на тоа. Чувствував дека на Милан му беа важни парите бидејќи по свадбата не се завртуваше дома. Јас, пак, бев секогаш опкружена со друштво и се чувствував осамена. Рано беше пред родителите да признаам дека не сум си го погодила бракот, туку оставив на времето. Кога човек ќе наиде на проблем, се обидува сам да го реши. Така и јас. Кога човек ќе задлабочи со нозете во жив песок, тешко може да го извадат.
Да, ужасно се чувствував. Бев осамена и не сакав со никој познат да ги делам моите чувства. Под лажно име Теодора почнав на интернет да барам некој со кој би ја победила осаменоста. Запознав повеќе луѓе, меѓутоа сѐ беше за кусо време – никој не успеа да ми го привлече вниманието. Еден ден дојдов од работа и го вклучив малиот лаптоп компјутер. Погледнав и видов дека некој ми посакал добра ноќ. Најпрво не обрнував внимание, но тој дента ми пиша повеќепати и јас му одговорив.
Почнавме да се допишуваме со Ален. Отпрвин бевме на растојание, меѓутоа од ден на ден станувавме сѐ поблиски. Со текот на времето, си разменивме телефонски броеви. Милан не ме забележуваше и мојата осаменост почнав да ја пополнувам со Ален. Кога со некого си се допаѓаш, не може ништо да те спречи. Набргу, станавме виртуелни партнери. Се запознавме и сѐ си раскажавме еден на друг. Тој имаше утнат брак. Сопругата му заминала со најдобриот другар и ја зела со нејзе нивната мала ќеркичка. И тој беше многу осамен.
Кога ќе раскажеше нешто за себе, веднаш сликаше и ми праќаше, од работа, домот во кој живее, спалната соба, салонот и тоалетот. Каде и да беше, ми праќаше видео. И така станавме многу блиски и интимни. Отпрво, фантазиите беа куси, а потоа како се движеше времето тие беа сѐ подолги и олеснително беше тоа што се гледавме на видео.
Навечер, кога Милан беше на работа или шеташе, претпазливо ќе ми се јавеше и каде и да бев ќе ми речеше: „Каролина еве сум. Би сакал да те видам. Твоите убави сини очи се како езерски бисери, сакам да го помилувам твоето бело лице. А твоите убави гради би ги галел бесконечно“.
Една ноќ облеков црвена долна облека и црвени штикли. Пуштив музика и почнав вешто да се „кршам“. Почнав да се соблекувам во такт со музиката. Ален ќе почне да шепоти: „Симни го градникот. Сакам да ги лижам твоите цврсти дојки. Ах кога ќе те видам, ќе те гризам, ќе ти ги лижам прстите од нозете. Потоа, ќе ги движам полека моите прсти кои ќе те допираат нежно. Ќе ти ги раширам нозете и со моето „копје“ жестоко ќе влезам во твојот задник до крај. И би јавал како коњ во твојата „внатрешност“ додека не почне мојата сперма да прска по твоето убаво лице. Ме возбудуваш, моите внатрешни осети треперат по твојата снага“.
Во меѓувреме, го извади „органот“ и почна да го гали. По кусо време, почна да му извира сперма додека јас се излудив. Беше испотен и ми кажа: „Сакам да се видиме в живо“.
ОСАМЕНА