Браво девојко: Марија Андрејчиќ го продаде освоениот медал од ОИ Токио за операцијата на малиот Милош

Потег со кој испиша историја!

На Олимписките игри во Токио, Полјачката Марија Андрејчиќ освои сребрен медал, но потоа го воодушеви целиот свет со својот хуман гест.

Имено, Марија одлучи да го продаде својот сребрен медал од Олимписките игри, со цел да ги собере неопходните средства за лекување на едно момче.

Полската атлетичарка го стави на аукција највредниот медал во својата кариера, а среброто од Токио беше продадено за 44.000 евра.

Оваа голема спортистка веднаш им ги исплати парите на родителите на малиот Милош, кого го очекува комплицирана операција на срцето во САД.

- Вистинската вредност на медалот останува засекогаш во срцето. Медалот е само предмет, но може да биде од голема корист за другите. Ова сребро може да спаси животи наместо да собира прашина во плакарот. Затоа одлучив да го ставам на аукција - рече Марија, пренесува „Курир“.

Пред три години, Марија ја водеше и најважната битка во нејзиниот живот. Таа успеа да го победи остеосаркомот (еден вид рак на коските) и да се врати на спортот. Борбата против злобната болест беше исклучително тешка. Хемотерапија, хирургија, потоа повторно хемотерапија. Таа успеа да го преброди сето тоа и се врати посилна од било кога.

Медалот на Олимписките игри беше вистинска награда за оваа упорна и храбра девојка, која потоа направи уште поголем потег. Епа, браво девојко!

извор:zenskikutak.rs