Бремена жена која управува со држава: Шест месеци по породувањето, грижата за бебето ќе ја препушти на партнерот
Шест дена откако стана премиерка на Нов Зеланд, дозна дека ќе стане мајка. Јуцинда Ардерн е борец за рамноправност на половите, па шест недели по породувањето грижата за бебето ќе ја препушти на нејзиниот партнер.
Нов Зеланд, држава со 4,5 милиони жители, наскоро ќе добие нов жител, посебен по тоа што ќе го роди примерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн. Многу години поминаа откако на чело на една држава беше бремена жена. Таков последен случај беше во 1990 година.
Веста за принова на Јацинда беше објавена на Твитер. Родителите го знаат полот на детето, но тие не сакаат да ги споделат овие информации со гласачкото тело. Ардерн изјавила дека ќе ја води државата додека стомакот не и порасне до заби, а потоа ќе земе шест недели одмор, а ќе ја замени Винстон Петерс.
- Фактот дека може да биде премиерка на Нов Зеланд и да стане родител додека е на таква функција, само покажува каква е нашата земја – модерна, прогересивна и со еднакви права за сите, изјавил претседателот на новозеландската партија „Зелени“:
Се разбира дека на жените од Нов Зеланд не им тече млед и меко. Откако, претходната година во август беше избрана за претседател на Лабуристичката партија, веќе на првата прес- конференција Јацинда беше „бобмардирана“ со прашања како новата функција ќе ја прилагоди со потомството.
- Дали на мажите ќе им го поставите истото прашање? Неприфатливо е да ги прашувате жените на нивното работно место дали планираат да имаат деца или не. Жените сами одлучуваат кога ќе родат, а нивната одлука не треба да влијае на тоа дали некој ќе ги вработи или не, изјавила премиреката.
А кога ја прашале дали може да состави влада додека има утрински гадења, таа одговорила: Тоа е она што го прават дамите.
Третата премиерка на Нов Зеланд тврди дека владата мора да се прилагоди на нејзиното мајчинство, така што во автомобилот ќе постават детско седиште.
- Верувам дека сите од Нов Зеланд ќе ми помогнат во воспитување на првото дете. Се радувам што ќе станам мајка, но истовремено сум посветена и на мојата професија. Тоа што сум бремена не значи дека сум неспособна.
По премиреката, породилното отсуство ќе го преземе нејзиниот партнер Кларк Гејфорд.Таа го сретнала пред три години кога, како член на парламентот, напишала писмо во кое луто изразила загриженост дека владата со некои мерки потенцијално ја загрозува приватноста на граѓанинот. Го поканила да разговараат на таа тема, а потоа почнале да излегуваат и така започнала нивната врска.
Гејфорд сфатил дека таа е жена на неговиот живот, кога ја однел на риболов, а таа веднаш уловила риба од 5ипол килограми. За бременоста му кажала преку Фејсбук бидејќи тој тогаш ги снимал своите приказни за риболов. А кога се вратил дома ја изненадил со цвеќе и заминале на хамбургер.