Бри од „Очајни домаќинки“ зад камерите преживувала пекол: Поранешениот партнер ѝ починал, сопругот ѝ добил рак, а таа се разболела

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Марша Крос на 25 март (денес) го слави својот 61 роденден. Бри од хит серијата „Очајни домаќинки“ водеше тешки битки и отворено зборуваше за тоа, со што уништи многу предрасуди.

Марша Крос одигра една од четирите главни улоги на Бри Ван де Камп во серијата на Марк Чери. Оваа ТВ приказна имаше премиера од 2004 до 2012 година, а се повторува и денес на малите екрани. Таа беше масовно гледана и кај нас, а специфичната Бри ги освои симпатиите на многумина со својот необичен начин на живот.

Улогата на Бри и донесе на Марша награда Еми. Актерката беше ѕвезда на уште една хит серија „Мелроуз Плејс“ на Дарен Стар, која публиката ја следеше во деведесеттите, во која Марша ја играше докторката Кимберли Шо.

Во декември 2017 година, по рутински преглед, на Марша и беше дијагностицирана злобна болест. Докторот се посомневал дека нешто не е во ред, па закажал преглед во блиската клиника. 

„Всушност бев некако тажна затоа што го пропуштив кошаркарскиот натпревар на ќерка ми. Мислев: „Да можев да го презакажам прегледот“, но бидејќи докторот рече така, ќе беше грубо да не одам“, рекла актерката.

По две биопсии и колоноскопија, на Марша и бил дијагностициран рак на анусот. За среќа, болеста била откриена рано (таа не почнала да чувствува симптоми).

„Бев многу среќна затоа што болеста беше откриена навреме, и затоа што имав прекрасна докторка која многу темелно си ја вршеше работата. Ѝ го должам мојот живот“, рече таа.

Подоцна беше откриено дека нејзиниот рак веројатно е поврзан со вирусот ХПВ (хуман папиломавирус), иако и претходно и бил дијагностициран овој тип на вирус. Вирусот ХПВ предизвикува повеќе од 90 проценти од аналните карциноми, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Вирусот може да предизвика и голем број други видови на рак, вклучувајќи рак на грлото на матката, грлото и гениталиите, од кои повеќето може да се спречат со вакцината за ХПВ, пишува copingmag.com.

Осум години пред да и биде дијагностициран рак, нејзиниот сопруг Том Махони се борел со рак на грлото. Исто така, се покажа дека неговата болест е поврзана со вирусот ХПВ. Во тоа време Марша се грижела за сопругот, двете ќерки и ја продолжила актерската кариера (актерката родила близнаци на 45 години). 

Актерката и претходно се соочувала со рак. Нејзиниот поранешен партнер, актерот Ричард Џордан, почина од рак на мозокот.

Марша имала 28 третмани со зрачење и два третмани со хемотерапија. Несакани ефекти биле: болка, стомачни проблеми, рани во устата, кожни реакции.

„Несаканите ефекти се толку чудни. Навистина сум среќна што има луѓе кои се отворени за тоа“, рече таа. 

Марша оди на преглед на секои три месеци. Таа нагласи дека и било потребно време за да се врати во нормалниот живот. Сè уште е чувствителна на одредени намирници, многу се грижи за исхраната и вели: „Сакам да ги потсетам луѓето дека постои живот по ракот и по одредено време болеста веќе не е првото нешто на кое размислувате“.


Фото: Профимедиа

Извот: Женаблиц