Бритни Спирс е новото заштитно лице на Кензо!

Добивај вести на Viber

Бритни, икона сама по себе!

Француската модна куќа Кензо за свое заштитно лице во новата колекција ,,La Collection Memento No.2'', ја избра поп принцезата Бритни Спирс.

Бритни сама по себе е икона. Таа гордо стои во редот на икони како што се Мајкл Џексон и Мадона. Креативниот директор на Кензо-Умберто Леон, за поп дивата во својата изјавам вели дека таа е синоним за деним, па при создавањето на новата колекција, единствената личност што најдобро би го претставила нивниот бренд е токму Бритни. Таа е кралица на тексасот.

Покрај тоа што таа одлично изгледа во новата рекламна кампања на Кензо, модните критичари како и нејзините верни фанови, ја пофалија одличната витка става на Бритни.

Оваа кампања изобилува со тексас, и принтови од јапонскиот уметникХокусаикако што е,,The great Wave of Kanagawa“, беше снимана во Лос Анџелес, а зад објективот се потпишува фотографот Петар Линдберг.