Брижит Макрон со совршен фустан за зрели дами: Овој модел одговара на речиси секоја фигура, а белата боја е чиста елеганција (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Таа ги покажа своите витки долги нозе, а фустанот одлично ѝ прилегаше

Брижит и Емануел Макрон беа домаќини на корејската претседателска двојка Јун Су и Ким Џонг-Хи во Елисејската палата во Париз. Овој француски претседателски пар беше совршено стилизиран во елегантни деловни комбинации. Првите дами разговараа за културна и уметничка размена меѓу двете земји.

Убавата Корејка, која верувале или не, веќе има 50 години, се одлучи за комбинација на црно и бело со која нема грешка, совршено скроено бело сако со црни ревери.

View this post on Instagram

A post shared by Marie Claire Russia (@marieclairerussia)

Брижит доминираше како и секогаш бидејќи навистина има вродена елеганција и едноставност како многу Французинки. Нејзиниот стил е речиси непогрешлив, веруваме дека 70-годшната дама го гради со години. Избира кроеви кои одлично ѝ прилегаат и ретко отстапува од докажаниот модел.

Овој пат таа се одлучи за бел фустан со рамен крој, едноставен и средна должина. Фустанот има тркалезни сребрени плочки во пределот на половината што некако уште повеќе го истакнува струкот. Има и прерамки кои се враќаат во мода. Со беж салонки остава навистина моќен впечаток.

Самиот модел на фустан е многу погоден за комбинирање и е одличен избор за дамите во зрели години кои можат да се пофалат со малку подолги, витки нозе.


Извор: stil.kurir.rs