Брижит Макрон и во најозлогласената боја изгледа феноменално: Првата дама на Франција во едноставно, а моќно издание

Добивај вести на Viber

Меѓународниот ден на жената, 8 март, беше прославен низ целиот свет, вклучително и во Елисејската палата, каде францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит организираа прием за доделување награди на активистите за човекови права.

Г-ѓа Макрон уште еднаш покажа дека непогрешливо знае да избере облека што е во склад со приликата и дека класицизмот и едноставноста понекогаш се најдобриот рецепт за добар стил.

Таа ги пречека гостите во елегантно, деловно издание на кое навистина тешко се наоѓа мана и кое дефинитивно остава моќен впечаток.

Фото: profimedia

Првата дама на Франција избра неутрални, но елегантни и префинети парчиња – тесен фустан до колена со мали пруги во бордо и темносина боја, со кој комбинираше комплет палто во А линија со ефектни златни копчиња. И покрај тоа што многумина ја избегнуваат комбинацијата на бордо и тегет, овој комплет е уште еден доказ дека овие две бои сепак можат да бидат одличен пар, но само на квалитетни ткаенини.

Брижит ја заокружи комбинацијата со салонки од бордо лакирана кожа и привлечни прстени, покажувајќи дека дури и ненаметливите парчиња од нашата гардероба сепак можат да изгледаат феноменално. Што велите за ова модно издание на француската прва дама?


Насловно Фото: ЕПА