Брз и вкусен рецепт во кој ќе уживате: Плескавици од ориз
Рецепт за плескавици во кои ќе уживаат љубителите на оризот.
Состојки:
(за 3 лица)
– 2 мали главици црвен кромид
– 2 лажици маслиново масло
– 1,5 лажички сув билен зачин (мајчина душица)
– 1 лажичка мелен црн пипер
– прстофат чили
- 2 јајца
Подготовка:
Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на масло додека не порумени, а потоа додадете го оризот и динстајте со повремено мешање и преливање со вода.
Кога оризот ќе се свари, додадете ги зачините, промешајте и изладете.
Во оризот се додаваат јајцата, магдоносот, лебните трошки и сусамот, се меша додека не се добие еднолична смеса која не треба да биде премногу кашеста или тврда.
Со раце оформете колачиња и пржете ги на масло од секоја страна додека не поруменат.
Можете да користите кокосово масло или масло по желба.
*пр-објава
Фото:https://www.freepik.com/
Извор: https://n1info.rs/