Брзо и лесно до средени нокти: Еве како да отстраните гел или гел лак дома
Повеќе салони за убавина ги затворија своите врати на минимум 30 дена поради состојабата со која се соочуваме. Многу жени нема да можат да одат на маникир и да го отстранат гелот од нокти кои го ставиле претходно, но може да се средат вашите нокти и дома.
Ако направите сè правилно и имате трпеливост, ќе ви требаат околу 30 минути.
1. Турпирање
За да можете полесно да го отстраните гелот, прво треба да го истурпирате горниот слој на гелот.
За да ги заштитите кутикулите, прво нанесете масло или вазелин на кожата околу ноктите. Ако
вашите нокти пораснале, скратете ги.
2. Омекнување на
гелот
Ако имате отстранувач на лакови дома, проверете дали содржи ацетон. Оваа состојка ќе
помогне да омекне гел или
трајниот лак. Потопете памук во растворот, а потоа ставете го памукот околу ноктот и завиткајте со алуминиумска фолија.
Можете да ја покриете раката со топол пешкир бидејќи тоа може да го забрза
процесот.
3. Чекај
Во зависност од тоа каков вид гел или траен лак имате на ноктите, овој процес
може да трае од 10 до 15 минути. Колку подолго чекате, толку полесно ќе биде да
ги отстраните остатоците од гел од ноктите.
4. Повторно турпирање
Кога ќе ги
отстранете памукчињата од
ноктите, трајниот лак или гелот треба да напука и омекне, што ќе го олесни отстранувањето од ноктите. Истурпирајте ги остатоците на гел од ноктите, но внимавајте да не го оштетите
вашиот природен нокт. Обликувајте
ги ноктите по желба.
5. Нега
Ацетонот е прилично штетен за ноктите и кожата, затоа
треба богато да ги нахраните
со негување. Користете масло и креми за
раце колку што е можно почесто, особено пред спиење.