Букет на неделата: Цветна бајка која зрачи со убавина

Ако сакате да добиете на подарок задоволство, нежност, восхит и љубов, подарете букет цвеќе. Отсекогаш цвеќето ги предизвикувало овие чувства кај жената. Оваа цветна бајка која Ви ја претставуваме денес, зрачи со својата убавина. Кога жената ќе се огледа во овој букет, се добива единство на природна убавина. Не ви треба посебна прилика за да подарите цвеќе. Секој ден, секој миг во животот е прилика. 

Интензивниот циклама гербер во средина, заедно со чудесниот афион до него, обајцата прегрнати со нежната розева дива орхидеа и бледо жолтата еустома, и убавата кала која се истакнува со својата грациозност, разиграни со нежните и ситни цветчиња во сите бои, ја создава оваа рескошна цветна приказна. Подарете букет и добијте на подарок задоволство и сјај во очите. 

Дојдете, или нарачајте во цветна галерија „Сончевина“.