Буквално избега од мајка му- славната Мадона: Синот на поп кралицата не живее со неа, уметник е и продава екстремно скапи слики

Кога станува збор за децата на Мадона, нејзината ќерка Лурдес Леон, која тргна по патот на нејзината славна мајка, е далеку повеќе во центарот на вниманието.

Лурдес вообичаено го полни жолтиот печат со контроверзно однесување, покажувајќи неизбричени пазуви на црвениот тепих, но и со непримерни изјави. Сепак, повеќето заборавија дека Мадона има и син- Роко Ричи, која пораснала со својот татко.

Гај Ричи и Мадона со години се бореле за старателството над наследникот, се додека самиот Роко не одлучил да биде со својот татко, а не со мајка му.

Мадона, како и секоја мајка, не ја поднесе добро одлуката на својот син.

Целата врева околу старателството започна кога Роко повеќе не сакаше да патува со мајка си на турнеи, сакаше да биде стациониран на едно место како и сите деца. Тој отишол кај татко му во Лондон, па дури и кога судот одлучил да се врати кај мајка му, тој одбил. Во следните години, односот меѓу синот и мајката беше климав, малку добар, малку не. Младиот човек е близок со својата сестра и секојдневно е во контакт со неа.


Роко сакаше да се занимава со некој вид на јавна работа, како што е манекенството, но брзо се откажа и својата среќа ја најде во уметноста. Тој го избриша својот Инстаграм профил, а потоа отвори нов профил, на кој најчесто има фотографии на кои се облекува во стилот на 50-тите и 60-тите години.

View this post on Instagram

A post shared by Mark Jason Knoth (@djmarkus1972)


За неговиот сликарски занает сведочи и информацијата дека сликите ги продава во една галерија, а цената е ненормално висока. Најевтината работа можете да ја купите за 24.000 евра.

Уметничките дела ги продава под псевдонимот Ред, а критичарите неговата работа ја оценуват високо, па на страницата на галеријата можете да го прочитате следново:

„Ред е млад уметник во подем чие културно потекло е разновидно и неконвенционално. Неговото детство го помина меѓу Њујорк и Лондон, што му даде еклектична и разновидна уметничка позадина“.

Во 2020 година, Роко имаше изложба во британскиот главен град, која ја посетија Мадона и Гај Ричи.

Фото: Инстаграм

Извор: Новости