Бурен развод: Софија Вергара не сака да му ја даде „неа“ на бившиот сопруг

Добивај вести на Viber

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“, раскошните Софија Вергара и Џо Маганиело, решија да се разведат по седум години брак.

Тие важеа за еден од најубавите, но и најстабилните парови од светската јавна сцена.

По тој повод тие излегоа со соопштение, а одлуката шокираше многумина. Него одамна го немавме видено покрај актерката, што може да навести крај.

Многу се зборува за деталите околу разводот и поделбата на имотот, но се доведува во прашање и кој ќе го добие нивното заедничко куче, а тоа се наведува како една од попроблематичните точки на разделба.

„Сè уште има неколку спорни точки што треба да ги решат, а една од нив е кој ќе го добие нивното куче Баблс“, открил извор близок на парот, додавајќи дека Софија се надева дека „ќе се разделат на мирен и фер начин“.

Двојката минатата година одлучила да набави куче бидејќи актерката многу сакала да има домашно милениче, но во едно интервју открила дека на почетокот немала најдобар однос со кучето кое повеќе се врзувало за нејзиниот сопруг.

„Таа ме мрази. Таа требаше да биде мое куче, но таа е опседната со мојот сопруг“, рекла Вергара. Актерката во други интервјуа зборувала и за тоа колку Баблс им е важен, а еднаш изјавила дека нејзиниот сопруг се однесува со чивавата како да е нивна ќерка, пренесуваат српските медиуми.