Царицата на приказните била вистинска убавица во младоста: Погледнете ја Шенка на 38 години
Младоста е како најбрзата птица, додека ја кренеш главата да ја погледнеш, таа летнала, но работата е младоста да не остане празна и без сеќавања, а Шенка ни остави една незаборавна младост, едни драги и убави сеќавања за наредните сто години, како речиси ретко која актерка!
Биди жива и здрава царице на приказните барем до сто и една, потоа ќе ти посакаме уште толку! - стои во објавата на Фејсбук страницата „Ѓорги Колозов“ а до неа фотографија од единствената Шенка.
На фотографијата Шенка имала 38 години.
Имено пред повеќе од три години Шенка Колозова рече – доста е – и го затвори актерското поглавје во својот живот.
Едно значајно поглавје беше затворено и претходно, пред 17 години, по смртта на Ѓорѓи Колозов, нејзиниот сопруг и придвижувач на приватниот театар „Колозов“, со кој тие од „Македонските народни приказни“ направија своевиден бренд во домашната продукција.
За театарот „Колозов“, Шенка, инаку дипломиран теоретичар на книжевноста, напиша бројни сценарија и драматизации на Цепенковите народни приказни. На сцените на театрите во Штип и Куманово, а подоцна и во МНТ, од каде се пензионира, одигра повеќе од 6000 претстави и над 100 премиери.
Во приватниот театар „Колозов“ - уште 16 премиери. Кога Шенка ќе рече „Се изнаработев во животот“, тоа никако не е лесно изречена фраза, туку тешко спечалена вистина.
фото: Фејсбук профил Ѓорги Колозов