,

Cashback World прави револуција во пазарењето: Враќање пари при секое купување!

Добивај вести на Viber

Cashback World е најголемата куповна заедница во светот, која брои повеќе од 8 милиони членови што ги уживаат атрактивните трговски предности во форма на Cashback (враќање пари) и Shopping Points (поени за дополнителни попусти). Секој член на Cashback World добива уникатна и бесплатна Cashback картичка што е едноставна и лесна за користење, а притоа е прифатена во сите трговски сектори низ целиот свет. Револуцијата што Cashback World ја направи во светот со враќање пари при секое купување е достапна и во Македонија. Повеќе од 80.000 Cashback партнери во светот, од кои повеќе од 650 во Македонија со над 1.400 локации низ нашата земја овозможуваат ново шопинг-искуство. Со секое купување може да се добие до 5% назад од износот на пазарењето. Износот се исплаќа директно на банкарската сметка на членот. Исплатата се врши секој вторник по акумулирани 200 денари. Шопинг-поените, всушност, се вредносни поени што понатаму можете да ги размените за некоја од атрактивните зделки што ги нудат партнерите на Cashback World. Семејството на Cashback World во Македонија, кое е дел од најголемата куповна заедница во светот, брои речиси 200.000 членови. Сите тие се дел од лојалната програма што им овозможува Cashback кај некој од партнерите во Македонија, меѓу кои маркетите Жито, Рептил и Веро, аптеки Виола, Техномаркет, Еликсир, Џамбо, фан-шопот на Вардар и спортскиот центар Јане Сандански, уникатниот Скај бар во Хотел Русија, осигурителната компаниja Триглав и АД Осигурителна Полиса, и многу други. Исто така, членовите имаат можност за онлајн пазарење кај светски познатите AliExpess, Booking, Hotels, Rentalcars и други. Целосен преглед на сите партнери на Cashback World може да погледнете на:   https://www.lyoness.com/mk/search/partner. Од друга страна, трговците се дел од Cashback Solutions, програма што нуди долгорочно партнерство, напредни решенија за лојалност, нови и лојални потрошувачи и зголемување на прометот. Самото име открива дека програмата располага со солуции што се креирани за да ги исполнат потребите на сите видови трговци, од секаков сектор на работење, вклучувајќи малопродажба и големопродажба. Пакетите што се нудат се Cashback Program Light, Cashback Program Basic и Cashback Program Professional. Секој пакет содржи различни карактеристики со цел да ги исполни потребите на кој било трговец. За разлика од членовите, кои се дел од најголемата куповна заедница во светот и се страната што ги добива шопинг-предностите, фирмите се дел од лојалната програма која, всушност, е платформата „win-win“ и за купувачите, но и за партнерите, т.е. трговците. Купувачот добива предности и враќање на парите, додека, пак, трговецот добива лојални купувачи, повеќе промет и е дел од мрежа што овозможува многу придобивки. Cashback World на глобално ниво ги спојува и ги зближува купувачите и трговците. Повеќе за Cashback World можете да дознаете на официјалната страница https://www.lyoness.com/mk каде што можете бесплатно да аплицирате за Cashback картичката https://www.lyoness.com/mk/registration/public. На линкот и новата ТВ рекламата: https://www.youtube.com/watch?v=jqCmtc0xT9g&feature=youtu.be