Актуелно // Insta вести
Петар Грашо е најсреќниот човек на светот: Потврдено е дека доаѓа уште едно бебе, Хана е бремена
Хрватскиот пејач Петар Грашо посака второ дете, а сега таа желба ќе му се оствари. Во јули 2022 година Хана Хуљиќ Грашо го роди нивното прво дете, ќерката Алба, а сега пресреќниот музичар потврди дека семејството ќе се прошири.
Потврди дека оваа година во семејството ќе пристигне уште едно бебе, потврдил во телефонски разговор за „Ин Магазин“ и истакнал дека е пресреќен поради новото засилување.
Хана во јавноста последен пат се појави пред десетина денови на изложба, каде раскажа како Алба донела радост во нивните животи.
- Толку многу уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чека, но ќе ми биде жал. Убава е, весела е, внесе нешто посебно во нашиот живот - изјави тогаш Хана, која одлично се снајде во улогата на мајка.Фото: Принтскрин
Извор: Story.rs,