„Мојата една и единствена желба и цел ми е Дрисла“: Билјана Јаневска прослави роденден, и еве што си посака
32 свеќички на тортата дувна вчера Билјана Јаневска. Поранешната мисица и партиска функционерка со најблиските го прослави роденденот, кој како што ни кажа си го посветила на себе без никакви очекувања, во кругот на најблиските.
-Вчера имав куќа полна луѓе, затоа што само еден ден во годината е мој, тогаш ми се пружа практично најмногу внимание, љубов... и секако опсипана сум со подароци.
Сакав да биде скромна прослава со оглед на тоа дека веќе се 32 години. Сега сме во сред кампања, и дека сум постојано на терен, добро е што на крајот од денот можам со луѓето што ме сакаат да наздравам за животот. Јас не се срамам од годините и горда сум на нив. Сеуште сум дете во душа и им се радувам на малите нешта.
Си ги имам моите четири бисери кои ми се ветер во грб, тоа се моите внуци, Никола, Александар, Јана и Вања. Тука се и моите две прекрасни братучедки Зорица и Златица, помалите братучеди Даријан и Филип и секако мојата мајка Даница. Тие се мојот свет.
Тие ми прават ,,push" и се мојата светлина на крајот од тунелот“, ни рече Билјана во изјавата за нашиот магазин.
Таа ни ја откри и нејзината желба за овој роденден.
„Мојата една и единствена желба и цел ми е Дрисла. Ете како мој омилен магазин имате чест да објавите ексклузива. Тука е моето образование, мојот живот, затоа што сум Магистер по Управување со отпад. Се соживеав со сите колеги сме како една прекрасна фамилија. 3 години направив точно на 23.04 и да имам уште два животи повторно тука би избрала да работам. Дома е таму каде што ти се радуваат. Започнав како Советник за подготовка и спроведување на развојни проекти и тоа го работев 4 месеци и сега сум Референт за техничка документација.
*Билјана со мајка ѝОвој роденден си го посветив на себеси, без никакви очекувања, во кругот на најблиските, а притоа сум и на заслужен одмор .
Бик сум во хороскоп, ова е период на бикови. Не познавам еден бик а што не е успешен. Тврдоглава сум, упорна и истрајна. И како земјен знак, стабилен знак, знам дека можам многу да постигнам. Верувам во себе.
А што се однесува на полето на љубовта, таа книга е затворена. На оваа тема немам што да додадам“, истакна за Женски магазин, згодната Билјана.