Цел Холивуд хипнотизирано гледаше во нејзиниот фустан: Амал Клуни се појави во јавноста после 2 години и направи бум
Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни, се смета за икона на стилот, а нејзината софистицирана, елегантна слика нѐ воодушевува повторно и повторно. Во последните неколку години, оваа убавица ретко се појавуваше во јавноста, но кога ќе се појави - никогаш не нѐ разочарува со нејзиното издание.
Синоќа Амал беше придружувана од нејзиниот сопруг на премиерата на филмот „Тендер бар“, во кој Клуни се проба како режисер, а парот беше во совршен стил.
Прославениот актер изгледаше одлично во квалитетно црно одело со кое искомбинира кошула и чевли во иста боја, додека црномурестата Либанка блескаше во прекрасен, елегантен фустан со асиметричен крој.
Амал избра црн фустан со сребрени цветови, а особено ги забележавме секси, но и суптилните детали - деколтето кое се протегаше до грбот!
Витката, висока 43-годишна девојка ја заврши комбинацијата со сандали со блескави украси, дијамантски обетки и мала чанта со букви во сребро. Толку едноставно, а толку моќно, нели? Фото: инстаграм