Чантите ѝ се опсесија: Анастасија Гудељ ја има совршената октомвриска комбинација вредна за копирање

Добивај вести на Viber

Стајлинот што пејачката го избра за мечот Унгарија-Србија е едноставен, но многу шик, а елегантната чанта на сè додаде белег на гламур

Анастасија поразот од српската репрезентација го гледаше во друштво на пријатели, а беше феноменално стилизирана - совршена за почетокот на есенската сезона и оваа лежерна пригода.

Новопечената госпоѓа Гудељ изгледаше многу тренди во кошула-фустан со копчиња, а се одлучи за модел со цветен дезен, кој е украсен со принт посоодветен за есенските отколку за пролетните денови: многу мали и густи цветови во зелени, жолти и виолетови тонови.

View this post on Instagram

A post shared by Anastasija Gudelj (@raznatovicanastasija)


Ова практично парче Анастасија го искомбинира со црна кожна јакна, класичен модел со остри ревери, кратки чизми со масивен ѓон, а сè финишираше со посебна чанта.

Станува збор за додаток од модната куќа „Гучи“, моделот „Marmont“, изработен со техниката „matelassé“, што го прави да изгледа зашиен, а изработен е од висококвалитетна црна кожа. Тоа е едно од најпрактичните парчиња на овој бренд во последните сезони и е совршено за вечера во градот бидејќи оваа чанта ги содржи најосновните потреби.

Се носи преку рамо, има долго кожено ременче со синџир.


Идентичен модел со метален „GG“ монограм во златна боја на веб-страницата на брендот „Gucci“ се продава за нешто повисока од 1.300 евра, а Анастасија Гудељ се одлучи за варијантата со црно лого.

Извор: glossy.rs