„Чарлс ја понижи Кејт, а Меган ја прогласи за ѕвезда“, кралот ги подели снаите: Принцезата од Велс ставена во втор план
Новиот потег на британскиот двор е шокантен за многумина. На
фотографијата што ќе биде објавена во публикацијата во чест на крунисувањето на
Чарлс III и на сопругата на кралицата (6 мај, Вестминстерската опатија,
Лондон), предност имала Меган Маркл, додека Кејт Милдтон е во сосема поинаков
план, според на многумина и експертот за говор на телото Џуди Џејмс
Таа фотографија ќе биде објавена како дел од официјалната програма на Бакингемската палата, беше објавено во неделата. Фотката е создадена на прославата на 70-тиот роденден на британскиот крал во Кларенс Хаус. На таа фотографија се Чарлс Трети, сопругата на кралот, Кејт Мидлтон, принцот Вилијам со три деца, Меган Маркл и принцот Хари.
За многумина беше изненадување што воопшто беа вклучени во фотографијата Хари и Меган поради сите нивни несогласувања со британското кралско семејство, а изборот на фотката предизвика голема збунетост. Зошто таа фотографија? И што е толку контроверзно за неа?
На фотографијата Меган е насмеана и едноставно плени и е целосно во преден план исто како и Хари додека Кејт е целосно „во позадина“. Војвотката од Сасекс ја засени и се верува дека тоа не е случајно. Во втор план е и принцот Вилијам.
Џуди Џејмс вели дека со изборот на оваа фотка била испратена пораката дека Меган и Хари се важни столбови на семејството.
Експерт за говор на телото вели дека Меган е „ѕвездата што се издвојува“ на фотографијата додека се насмевнува со Камила и принцезата Шарлот додека на Кејт ѝ е одземен моменталниот статус во семејството на оваа фотографија.
„Позата на Меган сугерира топлина и желба да се биде член на семејството. Изборот на такви пози за фотографии кои го прикажуваат кралското семејство како драго, сакано и блиско семејство е толку далеку од сегашната реалност што сугерира дека Чарлс сака да го стави несогласувањето. и горчина под тепих или да покажат дека Сасекс се добредојдени назад во семејството, со дополнително навестување дека можеби нивниот живот овде сепак не бил толку лош“, изјави Џуди Џејмс за „Mirror“ и додаде дека на фотографијата се гледа и идиличен однос на браќата Вилијам и Хари, кој исто така е далеку од реалноста:
„И, се разбира, двајцата браќа се тука во извонредно поврзана поза како некој конфликт да е нереален. Тие се насмеани, стојат рамо до рамо како близнаци и доволно блиску што нивните раце се допираат“.
Јазикот на телото открива дека семејството уживало во фотографирањето и роденденската прослава на Чарлс, кој е претставен како централна фигура на семејството и нежен дедо, додека Камила не е претставена како злобната маќеа како што многумина ја опишуваат.
Пораките што ги испраќа фотката се сосема јасни, а сѐ е направено како превентивна мерка за подобрување на имиџот на семејството, направен е прекрасен гест во чест на Меган Маркл која нема да биде на крунисувањето туку ќе го прослави четвртиот роденден на нејзиниот син Арчи Харисон тој ден. Таа и принцот Хари ја имаат и ќерката Лилибет Дијана.
Објавувањето на фотографијата дојде по веста дека Кејт Мидлтон го опиша шетањето со Меган и Хари во Виндзор по смртта на кралицата минатата година како неподносливо искуство.
Фото: Профимедиа