Часовник на неделата: Ролеркостер од емоции со уникатниот HATE 2 LOVE на „SWATCH“
Иако Денот на вљубените помина, колекцијата и кампања на SWATCH што носи свежо и извртено значење на најважниот ден на љубовта во годината, останува.
HATE 2 LOVE од Swatch колекција за Денот на вљубените e дефинитивно часовник кој ни остави огромен впечаток.
Покрај уникатниот дизајн, интересно е што часовникот има повеќе од една страна и е ролеркостер на емоции.
Преку ден црната стрелка ја прикажува фразата I hate to love you (Мразам да те сакам). Но, како што доаѓа ноќта, на часовникот почнуваат да светат зборовите I Love You (Те сакам). Ви звучи познато?
Совршениот и уникатен HATE 2 LOVE може да го имате за само 4.200 денари во продавниците на „Божиновски“.
Истиот ќе го забележите и на раката на инфлуенсерката Александра Шијакоска:
Погледнете ги и останатите часовници од оваа колекција на Swatch, каде секој од часовниците раскажува вознемирувачка приказна со совршен комичен тајминг, обележан со стил и навестување на сарказам што е скоро како терапија.
Овде погледнете го и иконскиот „Constellation OMEGA“ - нашиот избор за часовник на минатата недела.