Чедомир Јовановиќ на 50 години по 5-ти пат ќе стане татко (ФОТО)

Чедомир Јовановиќ со години е познат како еден од најзгодните, ако не и најзгодниот политичар во целиот регион. Лидерот на српската демократска партија, својата популарност ја должи на жените, но пред сè, на неговото прекрасно лице, но и неговото извајано тело, кое го покри со бројни тетоважи.

Тој е во брак со Јелена Савиќ од 2003-тата година, а заедно ги имаат децата Михајло, Анџелија, Зора и Јана.

Имено 50-годишниот Чеда, ги изненади своите следбеници кога на својот профил на Фејсбук со низа фотографии од својата сопруга додека била бремена, откри дека очекуваат принова.

- Побарав само една согласност неодамна... и Јела по петти пат ја даде- напиша политичарот и го додаде хаштагот „среќно семејство“.


Фото: Фејсбук профил на Чедомир Јовановиќ