Чек да брцнам во ташнава: Цел живот имате страв дали сте добри у кревет
Никогаш не ми стана јасно зошто ние жените редовно им се подвинуваме на мажите. И редовно и вонредно.
Сакам да речам и во оние секојдневни банални ситуации, во кој ако јас сакам грашак за ручек, а тој сака кременадли, ние кременадли ќе ручаме. Мислам не дека е некој „биг-дил“ и дека којзнае од каква важност во животот е дали ќе се руча грашок, или кременадли, ама у 99% ситуации е вака. Или на пример ако ја сакам да станеме и да си одиме од кај пријателиве кај кој што окапавме пет саати, нема шанси да станеме барем уште саат и пол од моментот кога ќе речам, ај да си одиме. Работава ќе биде еве сеа за пет минути, „да допијам, да допушам“. А кога он ќе рече „идеме!?“, ја сум више со ташната на рамо.
Она за што јас го имам главниот збор е бојата на завесите, на плочките за купатило, евентуално чергичето пред врата ако сакам да го сменам, за тоа имам сва права, или за тоа колку долапи ми се потребни во новата кујна. Чак и за тоа, ако е триста евра поскапо, со онаа фиока на шини во која треба да стојат зејтин, оцет и сите оние зачини, ние ќе ја купиме другата верзија во која нема таква фиока. Муабетот ќе биде „мора ли сеа ваква фиока“. Не можеш ли во долапот под чешма да ги ставиш тие шишиња?
Од вонредните нешта, во кои исто така им се повлекуваме е на пример, кога ако детево направило некоја беља, на пример ја чукнало колата, тоа ќе бидат шнитови и шнитови, како да се скрои планот за да му се каже на тато.
Ај што тато ќе се понаша ко нему никад у живот, да не му се случило вакво нешто и ко да сиот памет на светот нему со инка му е ставен, него и што мама ќе биде одма крива за оваа ситуација. Па муабетот ќе биде - „ти реков да не му ја даваш колата, ти реков ли!?, а ти, како да не му ја даваме, па треба ли да научи да вози!?, ете ти сега, нека научи да вози!!!„
И тука имаш дупло голо. Едното е „уф добро, му кажавме“. Ќути!
А другото е „е добро де, ете ја сум крива, не требаше да му ја дадеме“.
Мисламмм!, никад нема да ми стане јасно, кој тоа нам ни ја тутна таа виуга у глава.
Да е иронијата поголема, со секое едно попуштање неговата „ултра кралска позиција“, сè повеќе расте.
Па после за шогоде тој е во право. Чак и за молциве што се појавија низ куќа и за кои тој тврдеше дека гарант сум заборавила некој подотворен ориз од пред Христа, накрај се испостави дека во неговиот капут од преклани има заборавени семки.
„- Е добро де. Се случува“.
Ова се случува никад не е во контра насока. Само во негова. Фактички ние цел живот се движиме по автопат. Неговиот автопат.
Не ми се анализира овде по Фројд, ниту пак по сите оние Едипови или Електрини комплекси, бидејќи досадна ми е веќе таа тема. Иако знам дека тука лежи зајакот, односно нивниот „зајачки страв“, од тоа дали се добри во кревет, па цел живот тој свој недостаток, ќе го покриваат со „држење банка“ по дома. Тоа е едната страна. Другата е „ај ти женско си попушти му на брат ти, тој машко е. Нека купи тој патики сега овој месец, па за тебе ќе видиме следниот месец“. Мисламмм, „ќе видиме бе“.
Абе светот отиде у три лепе, а ние уште ваму заглавени у камено доба.
Освен тоа сто пати се покажало дека, кога „стицајем околности“, или под „пука случајност“, ќе се наместат работите, за тој да ме послуша мене и да биде така како што јас сум кажала, работите биле сто пати поарни отколку обратно. Јасно ми било и нему, ама ниту ќе го каже, ниту ќе го спомне. А јас се разбира ќе се правам ко ништо да не било.
Ама тоа „ќе биде јас како што ќе кажам“, кај нас, не постои во женски род.
Е сега, имам едно прашање. Бидејкќ ви дадовме да биде сè како што вие ќе кажете гледате ли до кај ја донесовте работава!?
Второто прашање ми е какви тоа мажи сте вие?
Вие сте мажи кои не поставувате прашања, кои не барате повисоки плати, кои не влегувате по ниту една од овие институции кај што се краде и лаже, па да ги фатите за врат сите тие таму да ги измкнете надвор и да ги скршите од ќутек. Ко дома што им се силите на децава на пример.
Вие сте мажи на кои не им смета што на улицава кај што живееме ви се паркираат синови на скороевиќи со џипови и кабриа, а за нас нема место за паркинг. Си седите и си чекате место за паркинг, па после дома кога ќе влезете пцуете и нервозни сте. Исто така сте мажи на кои не ви смета, што вашите ќерки мораат со секс да платат испит, или запослување и што вашите синови работат за триста евра по разно-разни странски, или домашни фирми. Се правите дека не гледате вакви нешта. Него буљите у телевизор и гледате фудбал. Не ви смета ни тоа што до вчера имаше контејнери за рециклирање пластика, а од пред некој ден го ставија тоа на некои си 5 денера, или не знам каква годишна картичка, за да можеш да рециклираш, и ете пак си се вративме на фрлање пластика заедно со сето ѓубре, не ви смета ни ѓубрево кај и да се завртите по градов, ниту по било кој пат, или автопат низ земјава. Ни дупкиве не ви сметат по улиците. Битно детево ја чукнало колата. Ништо не ви смета.
Ни тоа што пративме наши деца у Авганистан, за да можат Американциве и Енглезиве да си играат мајтап со светот, не ви сметаат ниту поповиве што изнакупија џипови и хотелски плацови, ниту сите оние што ќе го уништат Охридско езеро, нити пак оние „лујѓе“, што со мрежи ја истребија охридската пастрамка, бидејќи нели секоја охридска куќа требаше да има по сто кила пастрамка во замрзивач.
Вам никад нема да ве фати хистеричен бес, па разулавено да кршите сè пред себе, прашувајќи се кој им ували дрога, екстази и не знам уште што на нашиве деца.
Не, ништо не ви смета вам.
Вие сте мажи кои не поставуваат прашања, кои не бараат одговори и мажи кои единствено имаат муда да урлаат по дома и да одлучуваат дали ќе јадеме грашок, или кременадли и дали ќе купиме кујна со фиока, или не!
А за тоа како ќе изгледаше светот, ако ние жените го водевме, ќе ви напишам некој следниот пат.
За Женски Магазин, Тања Трајковска
*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин
Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение: