Прослава на женското херојство: Од маж ми нема да барам пари, бидејќи се изборив за својата независност
Клара Цеткин и Роза Луксембург на времето извојувале една многу голема битка. Историска битка. Се избориле за правата на женскиот род.
Двете другарки, едната учесничка во втората социјалистичка интернационала, другата марксистички филозоф, еден ден решиле дека треба тотално да го променат светот.
Тие бараа жените да имаат право на глас, да им се подобри положбата во општеството, да можат да работат и да имаат еднакви плати со мажите.
Ова се случува некаде 1908-9-та година.
Всушност денот на жената за прв пат бил одбележан на 8-ми Март 1909-та година во Америка.
Одма после тоа, односно само неколку години подоцна, една руска болшевичка феминистка по име Александра Колонатаи се бори овој ден да стане државен празник. Единстено што постигнува, во тој советски период е овој ден да се користи за одбележување на херојството на жените работнички.
Пред да продолжам со разработка на тезиве, се прашувам само кое тое женско работничко херојство се прославувало тогаш во Русија!? Дали она во кое да речеме на -20, во темни зори жените пешки оделе до која и да е фабрика и ринтале ко коњи (да ми простите) по десет-дванаесет часа, за потоа исто така да ги впрегнат своите последни женски коњски сили и исто така пешки да се вратат дома во мртва темница, најчесто по снежни и замрзнати руски улици.
А кога ќе се вратат!? Кога ќе се вратат да наранат деца, да зачистат по куќа, да спремат ручек за утре и на крај да „го наранат и мажот“. И при тоа ако може, збор да не прозборат. На работа на претпоставениот глава да му наведнат, на мажот дома исто така.
Се прашувам дали ова женско херојство почнало да се прославува, пред отприлика 130 години!?
Елем, ќе се вратам на тезава, со која ќе се обидам „да докажам“, дека ништо не е сменето до ден денеска, зборувајќи секако од лично искуство, само да го напоменам уште ова.
Откако Америка прва прославува ваков чуден ден, а Русија за да не биде покусо и таа, „на Месечината го забодува истото „женско“ копје“, што се случува!?“
Овие умниве жени од запад, сфкајќи ја први мамката за „забрането овошје“ за кое нели човечкото битие (во кое спаѓа и жената) е спремно до смрт да се бори, решаваат далечната 1930-та година, а тоа е само триесетина години откако е направена таа прва чудна прослава во САД, да престанат да му даваат какво било значење на овој ден.
Арно ама, „госпоѓите феминистки“, повторно борејќи се од петни жили, сепак 60- тите години ја враќаат „во форма“ прославата на овој ден.
Епа чим е така Обединетите нации, кој вообичаено заседаваат со денови, месеци, години, короејќи го светот на тој начин, што со војни, што со територијални поделби, што со оружје, што со наредбите „ти можеш, ти не можеш“, што со вакцини, болести, што со признавање вакви права, онакви права, решија во не така далечната 1975 година, 8-ми Март да стане меѓународно признаен ден на жената.
Инаку под „вакви права, онакви права“, подразбирам права на геј популација, која подразбира стотици облици и форми, за кој појма немаме, ама тие имаат бидејќи сѐ уште со денови, месеци, години заседаваат по округли маси, главно во најлуксузните и најскапите хотели низ светотв и носат одлуки со кои и понатака го кројат светот.
Ама веројатно мора така да биде, сакам да речам потребен им е на луѓето тој раскош и тие хотели, се разбира и тие илјадници евра, што за ова ги добиваат како хонорари, дневници и плати за да можат да донесат „разумни и непристрасни“ одлуки.
Едно само ме мачи. Кога и да патувам некаде, каде било по светот пред оние најскапи и најлуксузни продавници на Луј Витон, или кој и да е од тие „отровно“ скапи дизајнери, купуваат и ред чекаат само претставници на геј популацијата. Ги препознавам оти движењата им се препознатливо различни.
Иако ми е воздржано мислењето по повод целата оваа геј приказна, која еве веќе дваесетина година ја игра светот, сепак не сум воздржана по повод тоа дека нивните извитоперени движења се препознатливи. Слично, или исто онака како што во овие дваесетина години се очигледни извитоперените движења на целокупното човештво. И секако не сум воздржуна од каде и како најмногу пари имаат сите овие носители на извитопереноста!?
Елем ни ова не ми е темата, ама се се ова „гранки и подгранки“ на „новонасадените стебла“ на човештвото.
Да се вратам на основната тема.
Значи пред 50 години 8-ми Март се прогласи за меѓународен ден на жената. 1975-та година. Тоа е три години откако јас сум се родила.
Значи, да не одам подалеку, туку само до баба ми и мајка ми, тие живееле под „старите“ правила, односно по правилата пред да се прогласи денот на жената, сосе сите негови „бенифиции“ за жената.
Сум можела ли јас да бидам поинаку воспитана, од она што баба ми и мајка ми ме воспитувале!? Логично не!
Мајка ми ги криеше новите кондури од татко ми, брат ми доби поголем дел од наследството, бившиот маж, исто така доби поголем дел од наследството во „рамноправниот“ судски процес, директорот ми даде отказ, за кој сите ме советуваа да не влегувам во судски процес, бидејќи ќе изгубам, син ми ми се јавува само кога му требам, а јас кога го барам, обично е зафатен и не може сега, сегашниот маж, исто така си ја врти воденицата на своја страна и горе-доле сѐ е како што тој ќе каже и речиси секој ден ми закачува по некој невидлив орден за храброст.
Инаку да ви кажам дека оваа колумна ја напишав во еден едвај успеан најден слободен час, бидејќи како што знаете имам цвеќарница, во која еве веќе десет дена, ние неколку жени ринтаме како коњи од сабајле до вечер, бидејќи на овој ден, мажите, синовите, татковците, браќата им купуваат цвеќе на своите сакани жени, изразувајќи им ја на тој начин подршката за нивното женско херојство.
Волку цвеќе, колку што ќе се продаде утре, се продава отприлика за цела година.
И само да ви кажам дека набавната цена на ружата оваа недела е двојно поскапа, во споредба со која било друга недела во годината. Нејзината цена ја одредува „западна Холандија“. А најголем потрошувач на ружа и оваа година, ќе биде Русија и сите тие околни земји од некогашниот сојуз.
А Америка, веројатно размислува кој ден би било умно да го прогласи за нов „меѓународен празник“.
И уште ова да ви кажам. Со парите што ќе ги заработам од моето ринтање како коњ (пак да ми простите), ќе си уплатам едно патување во Јапонија.
За да си го исперам умот малку, таму во „третиот свет“.
Од маж ми нема да барам пари, бидејќи се изборив за својата независност. Благодарение на Клара Цеткин и Роза Луксембург.
За Женски Магазин, Тања Трајковска
*Ставовите изразени во колумната се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин
Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу