Скопје Сити Мол го има првиот потесен круг на потенцијални влогери. Откако на огласот за работа на соништата се пријавија 46 кандидати, Скопје Сити Мол преку вкрстени критериуми: број на лајкови, но и жири комисија ги селектираше најдобрите 10 потенцијални влогери.
Понатаму, следи задача за новата селекција од најдобри 5, а тоа е да се направи видео за забавните содржини на Сити Мол: куглање, игри, кино, ласер таг и сè што ќе им падне на памет на топ 10-те влогери.
Идниот влогер ќе ги има следните бенифиции:
• Работен простор во модерно опкружување со софистицирана опрема;
• Вклученост при носењето на одлуки за кампањите на Скопје Сити Мол;
• Месечен хонорар;
• Покана за сите премиери на кино проекции;
• Ваучери за шопинг во локалите низ Скопје Сити Мол;
• Ваучери за содржини за забава (куглање, аркадни игри, билијард, ласер таг …);
• Билети за најдобрите настани во регионот (концерти, фестивали и сл.);
• Професионален тим (стилист, ПР и сл.);
• Личен возач
Повеќе информации на: http://skopjecitymall.mk/vlogger/