Често заедно се возевме во 5-ка и со жар муабетевме за Стонси: Вера Јанковиќ за Горан Стефановски

Вчеравечер одекна веста дека почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски.

Во редот емотивни посвети, се запиша и ди-џејката Вера Јакновиќ, која на Стефановски му ја посвети песната „Wild horses“ од Rolling Stones.

- Некаде пред крајот на осумдедеттите, често заедно се возевме во 5-ка, живееме во иста населба, од две различни страни на Аеродром... додека други не препознаваа, ние со невиден жар муабетевме за Стонси... а и се друго кое одземаше здив и ни нудеше привилегија да го кротиме градот со посебен шарм и енергија. Вечен спомен. The great gig in the sky - напиша таа.