Четири годишно девојче со денови се грижело за помалите сестри, мислеле дека нивниот мртов татко спие: Тага во Германија

Откако човекот (35) починал од природна смрт, девојчето (4) се грижело за нејзините помали сестрите со денови. Тие мислеле дека таткото спие, а целата ситуација ја откри тетката со која сега се девојчињата.

Четиригодишното девојче се грижело за своите помали сестри повеќе од три дена откако нивниот татко починал дома, објави во вторникот полицијата во јужниот германски град Бургхаузен.

Полицијата соопшти дека нивниот татко (35) починал од природна смрт на 14 септември во раните утрински часови.

Неговите ќерки - на возраст од четири, три и две години - мислеле дека тој спие цело време.

Според Passauer Neue Presse, нивната тетка ја открила ситуацијата дури на 17 септември.

Најстарото девојче им давало на другите две девојчиња храна и пијалоци.

Сега и трите се кај тетка им.


Фото: REUTERS