Четири Македонки кои го привлекоа вниманието на српските медиуми: Ги прогласија за најжешки обожавателки на македонската репрезентација

Српските медиуми пишуваат: „Нашите јужни соседи дефинитивно имаат со што да се пофалат“

Со вчерашниот натпревар македонската репрезентација го заврши своето учество на Европското првенство, не успеавме да постигнеме гол против Холандија, но секако нашите фудбалери не' направија горди. 

Особено емотивно беше што Горан Пандев синоќа играше за последен пат во дресот на македонската репрезентација за која игра од 2001 година, односно цели две децении. 
„Пандев влезе во историјата на Европските шампионати со погодок во првото коло против Австрија, и токму по тоа најмногу ќе ги паметиме македонците на ова првенство“ - пишува српски Телеграф.

Медиумот посебен акцент даде на поддршката што ја имавме на трибините во Букурешт и покрај малите екрани.

„Кога велиме „покрај малите екрани“, најмногу мислиме на атрактивната водителка Марјана Станојковска, која во високи потпетици и со топка го најави првенството“- пишуваат српските медиуми за нашата Лото девојка.

„Исто така, тука е и познатата македонска каратистка Моника Стефановска

како и Тамара Чуприна, девојка на репрезентативецот Дарко Велкоски, 

а меѓу убавиците кои го привлекоа вниманието на српските медиуми е и Наташа Петровска - сопственичка на козметичкото студио „Фигурела““ -истакнуваат од Телеграф.рс

Привлечните Македонки ја поддржуваа репрезентацијата до последните денови и воедно го привлеко вниманието и ги воодушевија регионалните медиуми со својот изглед.

извор:telegraf.rs