Четири начини да го освоите секој маж
Иако изгледа дека е лесно да се заведе секој маж, вистината понекогаш е сосема поинаква.
Убави, паметни, секси и успешни жени често се сами. Од некоја причина, тие едноставно не успеваат да го заведат посакуваниот маж-дури и оној кој не изгледа како лик од (секси) бајка.
Но, постојат 4 тактики на флертување на кои никој не може да им одолее...
Покажете ја својата весела страна
Кога разговарате со маж кој ви се допаѓа, никогаш не смеете да бидете смртно сериозни. Покажете ја својата смисла за хумор, бидејќи мажите тоа го почитуваат. Зборувајте за своите смешни настани, некоја шега или добар виц.
Бидете стравствени
Бидете полни со страст кога зборувате за своите хобија. Освен тоа мора да докажете дека не сте досадни. За се што објаснувате, нека го види сјајот во вашите очи.
Опуштете се и чувствувајте се добро во своја кожа
Бидете мирни, стрпливи и полни самодоверба.
Не покажувајте луд ентузијазам
Веруваме дека навистина ви се допаѓа, но не можете да „изгубите свест“ секој пат кога убаво ќе ве погледне. Не гледајте го така посакувано и немојте да се врзувате за се што ќе каже. Напротив-однесувајте се како пред само неколку минути да го привлекол вашето внимание. Разговарајте со други мажи, кажете му дека треба да се јавите некому...Пуштете го да ве посака и кажете му дека е среќник бидејќи сте одлучиле да му дадете шанса.