Четири начини како разводот конечно ќе ви донесе радост

Добивај вести на Viber

Луѓето разводот го доживуваат како тешко, трауматично и срцепарателно искуство. И колку и да му е тешко на оној кој поминува низ оваа фаза, некогаш работите треба да се гледаат од посветла точка. Разводот некогаш може да донесе и изненадна радост. Еве како тоа да го постигнете.

Родителската улога и делење на финансии не треба да бидат главна причина зошто живеете со некој. Чувството на празнина и осаменост се најчести чувства, но на околностите навистина може да гледате и на поинаков начин.

Конечно го имате својот живот во свои рацe

Не губете повеќе време. Одлуката одамна сте ја донеле, а сега навистина ги имате сите механизми нешто да промените во вашиот живот. За почеток, сте го промениле партнерот. Тоа е само почеток на патувањето кое повторно има непознат правец, но и вас како главен упраувач на кормилото.

Без лаги и измами

Повеќе нема претворања, ниту лажни насмевки, ниту неутрални односи, искривени погледи. Се е по ваше и онака како сакате. Искористете ја најдобро таа предност, која ја немаат сите. Растурање на семејството е пукнатина, но од неа ќе се пробие зрак на сонцето и нова надеж.

Ќе откриете некои нови односи со вашите деца

Ако вашиот развод ја подобри атмосферата дома, тогаш децата ќе почувствуваат големо олеснување.

Исто така во новонастанатата ситуација природно е дека е потребно време сите да се навикнат, но со децата ќе имате поинаков однос после разводот.

Ќе станете сопственик на своите пари

Финансиски стрес, правдање, објаснување, се тоа ќе стане минато. Сигурно дека не е лесно да останете во куќа со една плата, но со неа ќе располагате како сакате.

Без притисок и нужно усогласување, ќе може да трошите како сакате и како мислите дека е најдобро за вас.