Чилито е здраво - еве зошто е добро да ги јадете
Чили пиперките се многу здрави.
Народите кои постојано користат чили во исхраната многу поретко имаат проблеми со срцеви болести, мозочен удар и тромбоза.
Капсаицинот не им дава само лутина на пиперчињата, туку и посебни лековити својства.
Tие имаат антивоспалителни својства. Капсаицинот ја блокира супстанцијата Р која е поврзана со воспалителните процеси во организмот. Редовната консумација на чили може да послужи како одлична превенција на артритис.
Лутите пиперчиња го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди, па затоа го спречуваат создавањето на крвни грутки.
Лутиот вкус ја зголемува термогенезата, односно создавањето топлина во организмот. За процесот на термогенеза потребно е трошење дополнителни калории што резултира со губење масни наслаги.