Чистел тоалети, работел како келнер, а денес е најпосакуваниот актер: Дамите лудуваат по него, а тој ја сака оваа колешка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Керем и Ханде се вљубиле еден во друг на снимањето на една серија и набрзо започнале љубовна врска...

Турскиот актер Керем Бурсин е еден од најпопуларните актери во последно време, кој посебно ѝ се допадна на женската публика, како поради неверојатниот физички изглед, така и поради заводливиот став.

Главната улога во серијата „Немирно лето“, во која партнерка му беше познатата Ханде Ерџел, му донесе голема популарност, но и неверојатна љубов.

View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)

Имено, Керем и Ханде се вљубиле еден во друг на снимањето на серијата, и набрзо започнаа љубовна врска. Фактот дека и во приватниот живот се заедно ги воодушеви обожавателите на серијата, а двојката и често снимаше лајв видеа од снимањето на истата.

Керем е роден на 4 јуни 1987 година во Истанбул, а поради природата на работата на неговиот татко, морал често да се сели, па поради тоа живеел во земји како Индонезија, Шкотска, Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Америка и многу други.

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

По средното образование се преселил во Бостон, каде се запишал на факултет. Студирал маркетинг и комуникација. Подоцна се определил за глума, а студиите по глума ги завршил на колеџ во Лос Анџелес.

Откако дипломирал, останал во Лос Анџелес каде добил многубројни понуди за улоги. Две години студирал глума кај Каролин Пикман и Ерик Морис, кои важат за едни од најтешките професори по глума, чии ученици биле и познатите актери Арнолд Шварценегер и Џек Николсон.

Додека студирал, Керем работел разни работи. Работел во теретани, каде бил задолжен за хигиената, потоа работел и како возач, келнер, а не е тајна и дека еден период работел и како чистач на тоалети.

фото: Принтскрин / Инстаграм