Читателките на Женски Магазин одбраа: Која држава ја заслужува победата на Евровизија?

Вечерва се одржува финалето на 65 - тото издание на најголемиот музички настан во Европа - Евровизија. Нашата држава не се пласираше во финалето, но тоа не треба да претставува пречка за да се проследи евровизиското финале.

Во арената „Ахој“ во Ротердам вечерва ќе настапат 26 држави, а секоја од нив ќе се потруди да се претстави што е можно подобро и да се пласира високо, па дури и да го однесе трофејот дома.

Понесени од евровизиската еуфорија направивме анкета за нашите читателки и решивме да видиме кој според вас треба да биде победник на Евровизија 2021.

До почетокот на финалето од вкупно 646 гласови, најголемиот дел се за нашите соседи, претставничките на Србија. Девојките од Hurricane направија вистински бум на евровизиската сцена за време на полуфиналната вечер, а за тоа одличен доказ е и бројот на прегледи на Јутјуб, кој е најголем од сите останати балкански држави.

Дали нашите читателки беа во право, ќе дознаеме за неколку часа.