Член на поротата откри сѐ: Вака ја уловиле Амбер во лага

По „судењето на деценијата“ на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд, поротата донесе пресуда во корист на познатиот актер...

Амбер ќе мора на Џони да му плати 10 милиони долари за нанесена штета, како и 5 милиони за казна. Амбер поднесе и противтужба, и Џони ќе мора на неа да ѝ исплати 2 милиони долари на име компензација на штета. Во текот на судењето поранешните сопружници изнесоа бројни бизарни работи од својот однос - Џони раскажа дека Амбер вршела нужда на неговиот дел од креветот и дека поради неа останал без од прстот, а актерката дека ја силувал со шише.

Сега се огласи и мажот кој тврди дека бил еден од седумте членови на поротата на судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд. Тој раскажа дека актерката е несигурна личност склона кон лудило - вид на ментално насилство што се манифестира со манипулирање со информации од напаѓачот со цел жртвата на тоа насилство да почне да се сомнева во своето паметење, внимание и перцепција на реалноста, а додаде и дека токму таа била онаа која го поттикнала насилството.

Иако имињата на поротниците мораат да останат во тајна една година по судењето, дозволено им е доброволно да се изјаснат и да ги споделат своите искуства за случајот. Наводниот поротник своето гледање го објави на ТикТок.

„Амбер лошо сведочеше и поротата го сметаше Деп за многу поверодостоен. Кога лажеше за донирањето на пари во допротворни цели, сфативме дека лаже за сѐ“ - кажа тој, а пренесуваат странските медиуми.

Анонимниот поротник ја пофали и адвокатката Камила Васкез, која го бранеше Деп, велејќи дека завршила одлична работа, а беше и прилично критичен кон Витни, сестрата на Амбер, која сведочеше за актерката.

„Изгледаше како ја поддржува сестра ѝ за да исполни обврска, како и таа да била жртва на манипулација... Во секој случај, не изгледаше како сестра ѝ да сака да биде во судницата“ - изјави тој.

Доби прашање дали членовите на поротата ја мразале Херд, а тој на ова одговори: „Не, не ја мразеа, но поголемиот дел од нив не сочувствуваа со неа“.

Наводниот поротник исто така објасни дека пред почетокот на судењето не бил посебно информиран ниту за Амбер, ниту за Џони и смета дека поради тоа можел да биде прилично непристрасен.