Чудо на 13-ти ден по земјотресот: Три лица, меѓу кои и едно дете, извлечени од урнатините (Видео)
Спасувачите во Хатај извлекоа две стари лица и едно дете од урнатините на 13-ти ден по разорните земјотреси што ја потресоа Турција.
Тројцата биле заробени под урнатините цели 296 часа.
Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет се уште не е утврден.
Спасувачките екипи, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, откако ги извлекле повредените, ги предале на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.
Засега не се знае нивната состојба.Да потсетиме, во разорните земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погодија Турција на 6 февруари, во таа земја и соседна Сирија загинаа повеќе од 45.000 луѓе.
Спасувачите се уште се на терен и ги пребаруваат урнатините.
Од земјотресите уништени илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе, голем број луѓе се уште се водат како исчезнати.
Фото: Принтскрин/Твитер