Чудото на Свети Јован им донесе рождество: Мајсторот и ѕидар Таки од Бигорскиот манастир и сопругата сведочат за благословот од овој светец
За чудотворната моќ на Свети Јован Бигорски, сведочат многу луѓе кои ја раскажуваат нивната животна приказна, како овој светец им помогнал во животот.
На официјалната веб страница на Бигорксиот манастир се пренесуваат интегрално приказните раскажани од верниците. Една таква е онаа на мајстор Таки и неговата сопруга.
„Од 2003 година, па сè до денес, во Бигорскиот Манастир како главен мајстор и ѕидар со камен работи г. Таки Стерјо (меѓу блиските познат како мајстор Трајче), Македонец родум од с. Шулин, Мала Преспа, Албанија.
Во 2004 година тој се жени со својата животна сопатничка, Василка Стерјо. Ѝ обајцата стануваат духовни чеда на Старецот, владиката г. Партениј.
Цели осум години Таки и Василка не можеле да имаат деца, бидејќи, како што утврдиле гинеколозите, Василка имала т.н. абнормална матка.
Копнеејќи по своја рожба, младите брачни другари направијле сè што било возможно од медицински аспект, за биолошката аномалија да се поправи, за да можат да имаат деца. Меѓутоа, и покрај неколкуте оперативни зафати по разни државни и приватни клиники и потрошените значителни средства за лекување, Василка останувала неплодна. Во тој безизлез, Таки и неговата сопруга се обратиле за помош кај „најголемиот меѓу родените од жена“ – Свети Јован Крстител, замолувајќи го и Старецот и братството да се молат на Свети Јован за нив. Гледајќи ја љубовта на Таки за неговиот Манастир и пожртвуваноста со која тој работел за неговото илјадагодишно Светилиште крај Радика, Свети Јован го наградил најнапред со прекрасно синче, кое се родило на 17 февруари 2012 година. Од благодарност кон великиот Божји Претеча и Крстител, родителите на својата рожба му го дале името Јован. Три години подоцна, на 8 октомври 2015 година, како благослов од Свети Јован, Таки и Василка ја добиле и нивната втора рожба, ќеркичката Јасмина“.
Извор: Bigorski.org.mkФото: Bigorski.org.mk